Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во рамки на проектот „Пристап до правда за најамргинализираните“ се одржа обука за вработени во Министерството за правда и Подрачните одделенија, Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа, а со цел зајакнување на пристапот до правда за сите, со посебен осврт на постапување во предмети поврзани со ранливи групи граѓани.

На обуката учествуваа повеќе од 40 претставници на овие две институции кои имаа можност преку анализа на случаи, играње улоги и други техники да го надградат своето знаење и да ги подобрат вештините за обезбедување услуги за граѓаните, особено за оние најранливите. Особено внимание беше посветено на жртвите на семејно и родово базирано насилство кои често се обраќаат до двете министерства со барање за заштита од насилниците.

Покрај обезбедувањето услуги, учесниците имаа можност да се запознаат со измените на Законот за општа управна постапка, кои измени ги засегаат нив и на кој начин ќе се унапреди управната постапка за граѓаните. Воедно, добија одговор на сите дилеми кои ги имаат, а се поврзани со сегашниот закон и нејаснотиите кои ги имаат при практичната примена на законот.

Обуката е организирана во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т. финансиран од Европската Унија и во соработка со ЕУ/CнЕ проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош“ имплементиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

—————————————————

13 декември 2022