Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Преку 100 ученици Роми, Македонци, Албанци и Бошњаци, 20 родители и тим од наставници од ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ учествуваа во спроведувањето на неколкумесечниот проект „Ода на радоста“ финансиран од Фондацијата Отворено општество-Македонија.

Целта на проектот беше да се унапреди интеракцијата и соработката помеѓу учениците преку учество во спортски игри, работилници на различни теми, музички и креативни работилници. Беше опремена и спортската сала во училиштето со спортски реквизити и помагала и беа одржани спортски натпревари и турнири во кои учениците се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа. На 24ти април, во присуство на голем број ученици и нивните родители се одржа и завршниот настан на проектот на кој беа промовирани активностите на проектот и училишниот информатор а беа доделени и дипломите на учениците  за учество во натпреварите.

—————————————————

12 јуни 2019