Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Согласно новиот Закон за бесплатна правна помош, Подрачните одделенија се овластени за одлучување во постапка по барање за секундарна помош и за обезбедување примарна правна помош која ја обезбедуваат за сите граѓани.

Со цел вработените во Подрачните одделенија на Министерството за правда да се здобијат со знаења и вештини за унапредување на нивните услуги и да обезбедат поголема достапност за лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници, на 10, 11 и 14 јуни 2021 година се одржа обука за унапредување на вештините за работа со маргинализирани групи.

Обуката на која учествуваа вкупно 16 вработени од Подрачните одделенија на Министерството за правда, е дел од проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, а се реализираше во соработка со Советот на Европа и Македонското здружение на млади правници.

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица ПЕТ, финансиран од Европската Унија.

—————————————————

17 јуни 2021