Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во периодот 19 -21 април 2022 година, во Берово се одржа обука за членовите и административната служба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во организација на Мрежата за заштита од дискриминација.

Една од специфичните цели на Мрежата е зајакнување на капацитетите и практиките на надлежните институции за заштита од дискриминација па во таа насока се одржа обука согласно потребите од напредна едукација на членовите на Комисијата како и на кадарот од административната служба. Обуката се реализираше врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Комисијата а во насока на унапредувањето на знаењата во различни области од антидискриминациското право базирано на теоретско учење но и од практични случаи.

Фокусот на обуката беше насочен кон препознавање на дискриминацијата по различни основи, разгледување на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права, како и на работа на разни студии на случај за препознавање на товарот на докажување. Посебен дел беше посветен и на надлежностите на Комисијата во искористување на другите надлежности во насока на подобра заштита, превенција и промоција.

Обуката беше реализирана во рамките на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

28 април 2022