Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија спроведе истражување кое се фокусира на образованието на помалубројните етнички заедници во државата – турската, ромската, српската, влашката и бошњачката. Предмет на анализа е образованието на наставниот јазик на заедниците, како и на изборниот предмет Јазик и културата на заедницата.

Оваа анализа има за цел да истражи и да отвори дискусија меѓу другото за тоа како се поставени мерките за образование на јазиците на помалубројните заедници, каква е реализацијата на наставата на јазиците на помалубројните етнички заедници, со какви предизвици се соочува реализацијата на овие мерки, дали постојат пречки и тешкотии, но и какви се перспективите.

Дел од заклучоците од истражувањето погледнете подолу, а целосната анализа прочитајте ја тука: https://bit.ly/2Kxbmcs

—————————————————

3 јуни 2020