Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Oбјавени се шест анализи од мониторингот на реформата на јавната администрација изработени од страна на повеќе грантисти во рамки на проектот Граѓанска алијанса за транспарентност. Анализите се базирани на мониторингот на државните органи и темите од интерес односно Законот за јазици од 2008 година, Законот за градење, Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022, Агенцијата за млади и спорт, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисија за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер.

Анализата „Перцепции и искуства на раководители и службеници од државната администрација за имплементација на Законот за јазиците од 2008 година во државните институции (2018)“ изработена од Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата “Заеднички вредности” е можете да ја најдете на следниов линк:  http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/1.%20Zaednicki%20vrednosti_MKD%20ALB%20SRP%20ROM%20TUR%20BOS.pdf
Анализата е достапна на македонски, албански, турски, ромски, српски, влашки и босански јазик.

Анализата „Мониторинг и унапредување на работата на Агенција за млади и спорт (2018)“ изработена од Младинскиот образовен форум можете да ја најдете на следниов линк:  http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/2.%20MOF_%20MKD%20ALB.pdf
Анализата е достапна на македонски и албански јазик.

Анализата „Мониторинг на процесот на подготовка на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 (2018)“ изработена од Центарот на заедницата на општина Центар можете да ја најдете на следниов линк:  http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/3.%20CZOC%20MKD.pdf

Анализата „Партиципативен и транспарентен развој на одржлива политика за градење: Анализа на изработката и донесувањето на Закон за градење (2018)“ изработена од Здружението за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје можете да ја најдете на следниве линкови:

Македонска верзија: http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/4.%20GENERA%20MKD%20.pdf

Англиска верзија: http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/4.%20GENERA%20ENG.pdf

Финалниот извештај од набљудувањето на работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот 2013 – 2016 година (2018) изработен од Рурална Коалиција – Куманово, можете да го најдете на следниов линк: http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/5.%20Ruralna%20koalicija%20MKD.pdf

Извештајот од спроведениот мониторинг на работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (2018) изработен од Здружението за локална демократија Центар на заедницата на општина Струмица, можете да го најдете на следниов линк: http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/6.%20CZOS%20MKD.pdf

—————————————————

17 април 2019