Во изминатите 30 месеци, во рамките на проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, се следеше процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план.
Подготвени беа вкупно 4 извештаи чија цел е да дадат преглед и анализа на статусот на реализацијата за активностите од Акцискиот план, чијшто почеток беше предвиден во текот на 2018 година, независно од предвидениот краен рок за нивното завршување.
Прв извештај за степенот на имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план
Првиот извештај за степенот на имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022, се обидува да го утврди статусот на имплементација на 32 активности, кои според Акциониот план, се предвидeни да започнат во првиот квартал на 2018 година, независно на предвидениот краен рок на нивното завршување. Во однос на прибирањето на податоците, испратени се 294 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до 20 различни институции.
Четврти извештај за степенот на имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и на Акцискиот план
Четвртиот извештај се обидува да ги испита ефектите од јавната политика, т.е. како промените предвидени во рамките на реформите во јавната администрација влијаат врз граѓаните и деловните субјекти, но и јавната администрација. За целите на овој извештај, проектот поддржа четири извештаи за истражувачко новинарство за прашања поврзани со вработување во јавни услуги и оптимизација на јавната администрација, појавата на корупција и пристапот до услуги.
***Проектот ,,Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, е имплементиран од “Фондација Отворено општество – Македонија” и “Евротинк – Центар за европски стратегии”, а финансиски поддржан од Европската Унија.
—————————————————
14 октомври 2019