Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Започна проектот “Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” кој го имплементира Фондација Отворено општество – Македонија во соработка со ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор.

Проектот кој ќе се имплементира до крајот на април 2022, има за цел да овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество, кое ги изразува ставовите на граѓаните и кое ќе влијае на клучните секторски реформи во процесот на пристапување кон ЕУ.

Проектот “Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” има за цел да овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество, кое ги изразува ставовите на граѓаните, со цел да влијае на клучните секторски реформи во процесот на пристапување кон ЕУ.

Планираните активности, за граѓаните ќе овозможат пристап до поголем обем на релевантни  информации врзани со процесот на пристапување кон ЕУ. Воедно преку проектот, ќе се обезбеди и подобра информираност и зголемен капацитет за граѓанско учество во процесите за креирање политики. Понатаму, преку поврзување и вмрежување на граѓанското општество, кое е планирано како дел од активностите, ќе се обезбеди зголемена транспарентност на работењето на институциите во процесот на пристапување кон ЕУ, но и активно учество на граѓанското општество во процесот на креирање и носење одлуки.

Сите овие активности, во суштина ќе обезбедат и ќе значат зголемено влијание од граѓанското општество врз политиките кои се носат.

За сите активности кои нè очекуваат во проектот следете не и понатаму!

—————————————————

12 јуни 2019