Во четиримесечниот период, на веб платформата govornaomraza.mk се доставени 298 пријави по различни категории, при што забележителен е порастот на пријави споредено со 2019 година.
По прогласувањето на вонредната состојба, фокусот од парламентарните избори, кои беа најавени за април, се префрли на следењето на говорот на омраза врз основа на нова заштитна категорија – здравствената состојба.
На инфографикот подолу се резултатите од спроведен мониторинг на говор на омраза во периодот 1 јануари – 30 април 2020 година, со фокус на три пилот општини: Штип, Битола и Тетово.
—————————————————
9 јули 2020