Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во периодот 18-19 мај, Фондацијата Отворено Општество – Македонија, Здружението Станица ПЕТ и ХОПС – Проект Здрави Опции Скопје, во соработка со Институтот за истражување и европски студии – Битола и Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, организираа дводневна научна конференција на тема „Човековите права и пристапот до правда за најмаргинализираните  заедици- теорија и пракса “. Конференцијата беше организирана како хибриден настан на кој 16 автори од Македонија, Бразил и Индија презентираа 21 труд.

Целта на конференцијата беше да се идентификуваат и посочат предизвиците и препреките со кои се соочуваат маргинализираните заедници во пристапот до правда, како и да се споделат најдобрите практики и научените лекции во реализацијата на човековите права, како од теоретска, така и од практична гледна точка.

Презентацијата на трудовите беше поделена во три панели и авторите имаа можност да ги презентираат наодите од нивните истражувања поврзани со моменталната ситуација во Северна Македонија и другите земји во однос на еднаквиот пристап до правда. Иако РСМ има декларативно е посветена кон подобрувањето на пристапот до правда и заштитата на човековите права, сепак, свесни сме дека маргинализираните групи сè уште се соочуваат со многу предизвици.

Заклучоците од конференцијата беа дека е потребно да се застапува за унапредување на целокупниот систем на правно зајакнување на граѓаните со особен фокус на пристапот до правда за маргинализираните граѓани. Притоа, системот на БПП, како единствен препознаен од државата, не е совршен и потребно е да се прилагоди на потребите на сите граѓани. Воедно, добрите практики од другите држави може лесно да бидат пресликани и во системот на правна помош на Македонија.

——————————————-

Меѓународната научна конференција е организирана во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т. финансиран од Европската Унија.

—————————————————

23 мај 2023