Користењето здравствена заштита но и генерално остварувањето основни права за Ромите претставуваат секојдневен проблем. Дискриминација и нееднаков третман на Ромите постои и најчесто се должи на ниската свесност на здравствените работници, и генерално институциите за културолошките аспекти при работата со маргинализирани групи, а особено со Роми. Воедно постои ниска свест за препознавање на негативните наративи и кај граѓанските организации и секако кај Ромите кои најчесто не се целосно информирани за тоа како можат да си ги остварат своите права.
За да се подигне пред сé свеста кај сите засегнати групи, Фондацијата Отворено општество – Македонија поддржува повеќе проекти чија цел е да помогнат во менување на наративите кон Ромите како проектот со ВИДИ ВАКА преку кој на иновативен начин ќе овозможи видливост на проблемите на Ромската заедница но и напорите кои ги вложуваат тие и граѓанските организации за обезбедување решение на истите.
ВИДИ ВАКА изработија графичка приказна која го допира прашањето на малолетнички бракови кои кај Ромите многу се почести – националната стапка изнесува 4%, додека кај Ромите е 22%. Погледнете ја графичката вест на тема малолетнички (детски) бракови преку приказните на Фатима, Бајрам, Рамиза и Ѓулбин.
—————————————————
26 септември 2019