Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Сите деца имаат право на квалитетно образование на својот мајчин јазик. Затоа, ние во Фондацијата, континуирано поддржуваме активности врзани со овие теми, а во 2019 и 2020 интензивно ќе работиме со 10 училишта со цел да се унапреди наставата на учениците Турци, Срби, Бошњаци, Роми и Власи.

Погледнете го прилогот на Редакцијата на босански јазик при МТВ, каде нашата колешка Наташа Анѓелеска зборува за нашите активности во претежно рурални училишта кои вклучуваат обуки за наставници, обезбедување на едукативни материјали на јазиците на малите етнички заедници, како и директна помош за училиштата.

—————————————————

12 јуни 2019