Фондација Отворено општество- Македонија, Open Society-US и Latin America Program, во соработка со Топос Партнерство, во периодот октомври 2019 до август 2020, ќе го имплементираат проектот „Редефинирање на антикорупциските наративи“. Целта на оваа иницијатива е да идентификува и да примени ефективни јавни наративи кои обелоденуваат корупција, но истовремено култивираат граѓанско учество, акција и надеж. Проектот вклучува компаративни студии на случаи во три земји: Северна Македонија, Бразил и САД.
Академските истражувања укажуваат дека традиционалните комуникациски пристапи кон корупција, често може да предизвикаат последици спортивни на оние за кои се залагаат граѓанските организации. Па така резултатот може да биде намалена граѓанска вклученост, овозжувачка средина за популизам, неконтролирана приватизација, или симплистичко разбирање на проблемот.
Па така, овој проект има за цел да истражи алтернативни пристапи во криерање на антикорупциски наративи преку спроведување на етнографско истражување во трите држави со цел да се тестираат различни комуникациски пристапи, но и да овозможи експертска помош на избрани граѓански организации во евалуација и унапредување на нивните комуникациски пракси поврзани со корупција.
Граѓански организации од Северна Македонија кои ќе учествуваат во проектот се:
- Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените;
- Институт за демократија „Социетас Цивилис“;
- Младински образовен форум;
- Мултикултура;
- Коалиција Сите за правично судење.
Првата средба помеѓу партнерските организации и Joe Grady од Топос, воедно и поранешен професор по лингивстика на Џорџтаун универзитетот и Универзитетот во Мерлиненд, се случи на 19.11. во просториите на ФООМ. На почетокот на декември се очекува претставник од Топос да ги посети партнерските организации и да се сретне со истражувачите кои ќе го спроведуваат истражувањето во Северна Македонија.
—————————————————
25 ноември 2019