Мултикултура Тетово е организација која секогаш во фокус ги има младите и нивните потреби и која активно работи на промоција на младинскиот активизам како и на учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки и развој на културните и на меѓуетничката толеранција и соработка.
Во нашата земја постои потреба од подобра информираност на учениците и родителите за трошењето на јавните пари во средните училишта. И родителите и средношколците треба да знаат каде и како се трошат нивните пари, тие информации ќе им обезбедат поголеми можности за влијание во процесите кои ги засегаат. Транспарентноста и отчетноста при трошењето на јавните пари е секако важна тема, но кога фокусот се става на младите и како таа транспарентност и отчетност влијае врз нивната иднина, тогаш оваа проблематика добива нова димензија. Ефикасното и ефективното трошење на јавните пари ќе обезбеди поголеми можности за квалитетно образование и искористување на потенцијалите на младите луѓе.
Преку проектот „Како се трошат парите од јавните набавки на средношколците“, Мултикултура ќе се обидат детално да го обработат прашањето на трошењето на јавните пари во средните училишта во Општина Тетово во текот на 2018 година, а со цел да се види колку тие се транспарентни и отчетни.
Преку анализата на политиките за трошење на јавните пари како и мониторинг на практиките на училиштата, проектот ќе го поттикне интересот на јавноста за транспарентно и отчетно трошење на парите во јавните набавки во средното образование. Тргнувајќи од фактот дека еден од најдобрите начини за подобрување на квалитетот на политиките и практиките е поголемата транспарентност, одговорност и отчетност, проектот ќе придонесе кон заживување на механизмите за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалната власт, кон зајакнување на учеството на граѓаните и бизнис заедницата во донесувањето одлуки на локално ниво.
***
Проектот „Како се трошат парите од јавните набавки на средношколците“ се имплементира во рамки на концептот за унапредување на локалната демократија на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
—————————————————
12 август 2020