- Објавa број: RP/FOSM/FT/2252
- Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на годишниот план за работа на Фондациите Отворено општество – Западен балкан, Проект „Сончеви училишта“
- Нарачател: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)
- Корисници на опремата: шест (6) училишта од Република Северна Македонија
- ФООМ го задржува правото на определување на крајниот бројот на училишта каде ќе се реализира проектот и на капацитетот на предложената опрема
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
Предмет на набавката е изработка на проектна документација и изведба на фотоволтаични соларни централи во: ООУ „Јашар беј“, Чаир, Скопје; ООУ „Тефејус“ Чаир, Скопје; СОУ „Коле Нехтенин“, Штип; ООУ „Тошо Арсов“, Штип; СОУ „Јане Сандански“, Штип; ООУ „Славејко Арсов“, Штип; ПОУ „Дедо Иљо Малешевски“, с.Двориште, Берово и ООУ „Никола Петров Русински“, с. Русиново, Берово, дадени во две целини и два одвоени договори.
Целина 1: Фотоволтаични соларни централи во: ООУ „Јашар Беј“, Чаир , Скопје; ООУ „Тефејус“, Чаир, Скопје; ПОУ „Дедо Иљо Малешевски“, с.Двориште, Берово и ООУ „Никола Петров Русински“, с. Русиново, Берово.
Целина 2: Фотоволтаични соларни централи во: СОУ „Коле Нехтенин“ Штип; ООУ „Тошо Арсов“, Штип; СОУ „Јане Сандански“, Штип и ООУ Славејко Арсов, Штип.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Подобност и правила на потекло
Понудувачи можат да бидат градежни фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондацијата Отворено општество – Македонија и поседуваат најмалку Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.
Основа за исклучување
Број на понуди
Еден понудувач (носител) може да даде само една понуда. Таа мора да е целосна за конкретната целина, но не мора да се нудат двете целини. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.
Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)
Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).
На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот НЕ го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.
Валидност на понудата
Понудите мора да останат валидни 150 дена по крајниот рок за поднесување на истите.
Краен рок на извршување
Максимален рок од 90 дена по потпишувањето на договорот.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
- 60 % (од вкупните бодови) = Цена;
- 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ и референци на производителот на активната опрема;
- 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање;
- 20 % (од вкупните бодови) = Рок на завршување на работите и пуштање во работа на сите локации кои се нудат;
- 5 % (од вкупните бодови) = Должина на гарантен рок.
Како да ја набавите комплетната документација
Комплетната документација ќе ја добиете на следниов линк
Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: adrijana.lavchiska@fosm.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 4 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 17. Фондација Отворено општество – Македонија ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.
Краен рок за поднесување на понудите
Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. RP/FOSM/FT/2252“, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:
Фондација Отворено општество-Македонија, ул. Чедомир Миндеровиќ 31, Скопје
За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.
Краен датум за достава на понудите: најдоцна до среда, 12.09.2023 год. до 15.00 часот.
Најдоцна до 25.08.2023 год., секој понудувач ќе треба да се регистрира дека има намера да нуди на тој начин што ќе испрати порака на adrijana.lavchiska@fosm.mk
На адресата од која ќе биде испратена пораката понудувачот ќе ги добива сите прашања и одговори кои во текот на процесот на подготовка на понудите ќе бидат поставени.
Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.
Јавно отворање на понудите нема да има!
—————————————————
16 август 2023