Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

 

Фондација Отворено општество – Македонија во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество го спроведува проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“.

Целта на проектот е да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво со зајакнување на отпорноста на локалната власт на корупција и судир на интереси.

Во првата фаза (2020 – 2021) проектот се фокусираше на: (1) воведување на системи на интегритет во пет општини (Желино, Карпош, Дојран, Прилеп, Охрид); (2) зголемување на граѓанската вклученост во борбата против корупцијата и судирот на интереси, особено на ранливите категории на граѓани, преку зголемување на обемот на пријавени случаи, а со овозможување на правна помош и информирање.

Во втора фаза (2021 – 2022), преку проектот  се работи на: (1) воведување на системи на интегритет во нови пет општини (Шуто Оризари, Берово, Валандово, Кавадарци, Кичево); и (2) поддршка за спроведување на системите за интегритет во три општини (Желино, Дојран, Охрид).

Во рамките на проектните активности во периодот 9 – 18 февруари 2022 година, во овие 5 општини, од страна на ТИМ институт беше спроведено истражување за искуствата, ставовите и перцепциите за корупција и судир на интереси. За истражувањето беше користен повеќестепен стратификуван репрезентативен примерок на поединечните 5 општини и истото беше спроведено врз вкупно 1001 испитаник, на возраст на 18 години и постари кои живеат во домаќинства на територијата на општините Шуто Оризари, Кичево, Кавадарци, Валандово и Берово.

Резултатите од истражувањето можете да ги погледнете на следниве инфографици: сите општини,  Шуто Оризари, Кичево, Кавадарци, Валандово и Берово

Овие инфографици се подготвени од Фондација Отворено општество – Македонија со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени на овие инфографици им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

—————————————————

10 август 2022