За авторот:
Блупринт групата за реформи на правосудството подготви „Анализа за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022)“. Од истата се направени и инфографици кои се однесуваат на наодите за секоја од стратешките цели на Стратегијата (независност и непристрасност; квалитет; одговорност; ефикасност; транспарентност и пристап до правда) и наодите во однос на реформите во посебните правни гранки (казнено-правна област, управно-правна област и граѓанско-правна област).
Во првиот и вториот инфографик е прикажан степенот на исполнетост на мерките кои ги следеше Блупринт групата групирани според стратешките цели и посебните правни гранки на кои припаѓаат, при што со зелена боја е обележан бројот на мерки кои се целосно спроведени, со жолта боја е обележан бројот на мерки кои се делумно спроведени, а со црвена боја е обележан бројот на мерките кои не се спроведени.
Во третиот инфографик се прикажани препораките кои произлегоа од Анализата на Блупринт групата, групирани според стратешките цели и посебните правни гранки на кои припаѓаат, при што со темно сина боја е обележан бројот на препораки кои се однесуваат на законодавната рамка, со светло зелена боја е обележан бројот на препораки кои се однесуваат на имплементација на мерките, а со бела боја е обележан бројот на препораки кои се однесуваат на финансиски аспекти.
—————————————————
23 ноември 2022