Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Антикорупциска проверка на легислатива е превентивна алатка за спречување на корупција и судир на интереси, која се применува на законски и подзаконски акти од различни сектори, преку лоцирање и отстранување на корупциските ризици кои ги содржи самиот текст на легислативата.

Согласно новата Методологија за антикорупциска проверка на легислативата[1], објавена во 2020г. од страна на Државната комисија за спречување на корупција,  ризиците од корупција и судир на интереси во еден законски или подзаконски акт може да се должат на: непостоење или несоодветни рокови, двосмисленост на употребениот јазик, недостаток на превентивни механизми, дискрециони овластувања, преклопување на надлежности, конфликт на интереси, овластувања и ресурси, нецелосно дефинирани процедури, недостаток на инструменти во однос на контрола, недоволна дистинкција на права и обврски и сл.

Во изминатиот период, Фондација Отворено  општество – Македонија преку поддршката која ја дава на тематските мрежи на граѓански организации, во рамки на концептот Учество на граѓанското општество за социјална правда, поддржа подготовка на шест антикорупциски проверки на легислативата, и тоа за:

http://antikorupcija.mk/mk/record.php?id=1214&mv=4

Правната основа за подготовка на антикорупциска проверка на легислативата во државава е утврдена во Законот за спречување на корупција и судир на интереси[2], каде што е утврдена и надлежност за Државната комисија за спречување на корупција. Граѓанските организации располагаат со стручност и експертиза која ја користат во подготовката на антикорупциската проверка на легислативата и затоа Државната комисија за спречување на корупција покажа интерес да соработува со граѓанското општество во спроведување на оваа своја надлежност[3]. На крај, важноста и основаноста на оваа превентивна алатка се црпе и од стратешките определби на државата[4].

[1] Државна комисија за спречување на корупција, Методологија за антикорупциска проверка на легислативата, усвоена на 42-та седница на ДКСК (27.11.2020 г.), достапна на: https://bit.ly/3vQXEHO

[2] Според член 17, точка 2, Државната комисија за спречување на корупција спроведува антикорупциска проверка на закони, подзаконски акти и други општи акти, согласно со Методологија која ја донесува.

[3] Четврт акциски план 2019-2020 година на Отворено владино партнерство, во категоријата “интегритет и добро управување” беше предвидена активност 2.2.Соработка [на ДКСК] со граѓанскиот сектор за антикорупциска проверка на легислативата, достапен на следниот линк: https://ovp.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/nap_4_ogp_usvoen_na_vlada.docx

[4] Мерка 1.4.2.5 Утврдување на методологија за Антикорупциска проверка на легислативата од План на активности за реализација на итните реформски приоритети 2015, достапен на следниот линк: https://bit.ly/3cbBjgx; Сектор 5.1, проблем 2, мерка 1 Донесување нова Методологија за ПВР со обединување на процесите за оценка на спроведување на регулативата и антикорупциска проверка на легислативата, достапна на: https://dksk.mk/wp-content/uploads/2021/01/Nacionalna-strategija-DKSK-KONECNA.pdf.

—————————————————

26 март 2021