Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Преку проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност“ беа постигнати исклучителни резултати, важни за јавната администрација, а особено за граѓаните и граѓанското општество: граѓанските организации ги изградија своите капацитети за вршење на мониторинг врз јавни политики, особено во областа реформа на јавната администрација, а се зголеми и фондот на информации врзани со реформата на јавната администрација.

Воедно граѓанските организации учествуваа во 4 работни групи работни групи кои ја подготвуваа Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022, со што беше извршено значително влијание врз нејзината содржина. Дополнително, тековниот мониторинг на имплементацијата на Стратегијата несомнено ја забрза динамиката на нејзиното спроведување.

Погледнете го краткиот, илустриран приказ со основните информации и резултати од проектот.

—————————————————

3 јули 2019