Здравствената заштита, но и генерално остварувањето основни права за Ромите претставува секојдневен проблем. Дискриминација и нееднаков третман на Ромите постои и најчесто се должи на ниската свесност на здравствените работници, и генерално институциите за културолошките аспекти при работата со маргинализирани групи, а особено со Роми. Воедно постои ниска свест за препознавање на негативните наративи и кај граѓанските организации и секако кај Ромите кои најчесто не се целосно информирани за тоа како можат да си ги остварат своите права.
За да се подигне пред сé свеста кај сите засегнати групи, Фондацијата Отворено општество – Македонија поддржува повеќе проекти чија цел е да помогнат во менување на наративите кон Ромите како проектот со ВИДИ ВАКА преку кој на иновативен начин ќе овозможи видливост на проблемите на Ромската заедница но и напорите кои ги вложуваат тие и граѓанските организации за обезбедување решение на истите.
ВИДИ ВАКА изработија графичка вест за Сунита, лице без документ за лична идентификација, и преку нејзината приказна ни ги доближија проблемите со кои се соочуваат оние кои се невидливи за македонските институции.
—————————————————
27 септември 2019