Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија и Фондацијата отворено општество – Македонија во пресрет на Меѓународната недела на образованието и Меѓународниот ден на детето, потсетуваат дека возрасните треба да се погрижат и обезбедат услови за задоволување на потребите на децата и за емоционална сигурност, да им помогнат да развијат позитивно чувство за себе и да управуваат со своите емоции.
Кога децата ги имаат овие искуства, поголема е веројатноста да бидат ментално здрави и да имаат добри односи со другите. Ова придонесува за нивните чувства на задоволство, среќа и севкупен успех во животот.
Во рамки на проектот Образование на помалку бројните етнички заедници подготвивме видео на тема „Говориме за менталното здравје“, со кое оваа година сакаме да го најавиме настанот Speach4Teach, кој заради пандемијата предизвикана од КОВИД 19, ќе го одржиме онлајн. Погледнете го тука.

—————————————————

22 ноември 2021