Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Внатрешна интеграција на општеството со цел интеграција на Северна Македонија во Европската Унија е мисија и стратешка определба на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Затоа, ФООМ даде поддршка за јакнење на капацитетите на канцеларијата на Посебниот советник за евроатлански интеграции на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија преку проектот „Поддршка на Република Северна Македонија за интеграцијата во ЕУ и НАТО“.
Во рамки на проектот, Фондацијата ангажира тим соработници, кои ќе дадат професионален одговор и поддршка на обемните задачи што и претстојат на Владата на планот на ЕУ интеграциите. Тимот е составен од четири искусни правници и политиколози кои со огромен ентузијазам и одговорност го прифатија предизвикот да работат на проектот. Експертскиот тим ќе биде оперативен најмалку една година, односно до март 2020 година.
Проектот „Поддршка на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО“, кој е поддржан преку резервниот фонд на Фондациите Отворено општество, се спроведува во соработка со ОСИФЕ и ОСЕПИ има за цел да се искористи историската можност на земјата со надминување на спорот за името и отворањето на пристапните процеси за ЕУ и членството во НАТО, со што ќе се обезбеди враќање на демократијата. Покрај поддршката на канцеларијата на Посебниот советник за евроатлански интеграции, ФООМ се посвети и на подготовка на документи за јавни политики за спорот околу името со Грција, членството во НАТО и пристапувањето во ЕУ; изработка документ за јавна политика за правните предизвици пред Специјалното јавно обвинителство и подготовка на физибилити студија и план за застапување за меѓународен мониторинг на судењата.
Документите за јавни политики можете да ги најдете на следните линкови:
– Референдумот во фокус: крајот на патот за пристапување на Македонија во ЕУ и во НАТО или само крајот на патот?
– Договорот за македонското име и по него: геополитичка перспектива
– Улогата на Германија во евроатланските интеграции на Македонија
– Правните предизвици пред Специјалнотo јавно обвинителство

—————————————————

3 јули 2019