Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија одлучи да соработува со пет граѓански организации кои ќе овозможат правна помош на граѓаните од општините Охрид, Дојран, Карпош, Желино и Прилеп, за случаи поврзани со коруцпција и судир на интереси.
Граѓанските организации со кои ФООМ ќе соработува се:
- Здружението Избор (Струмица), преку проектот ,,Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво” во вредност од 434 долари, ќе овоможува правна помош на граѓаните од општина Дојран;
- Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп) преку проектот ,,Правна едукација за борба против корупција!” во вредност од 600 долари, ќе овоможува правна помош на граѓаните од општина Прилеп;
- Здружението Мултикултура (Тетово), преку проектот ,,За општина без корупција” во вредност од 575 долари, ќе овоможува правна помош на граѓаните од општина Желино;
- Здружението ЕХО Едукативно-хуманитарна организација (Штип), преку проектот ,,Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво” во вредност од 600 долари, ќе овоможува правна помош на граѓаните од општина Охрид;
- Здружението Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење”, преку проектот ,,Корупција? Не во мојата општина!” во вредност од 586 долари, ќе овоможува правна помош на граѓаните од општина Карпош.
Граѓанските организации ќе овозможат правна помош на граѓани кои препознале корупција и судир на интереси; ќе учествуваат во промоција на можностите за обезбедување на правна помош во соодветната општина: ќе ги информираат и едуцираат граѓаните за можностите за пријавување на корупција и судир на интереси во петте општини Охрид, Дојран, Желино, Карпош и Прилеп.
Соработката со овие граѓански организации и нивните активности се дел од проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на https://cep.mk/ и https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia
Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.
—————————————————
2 септември 2020