Кои се ефектите од Ковид-19 врз текстилната индустрија?
- 50% од вкупниот број на регистрирани фирми во текстилната индустријата, или 677 фирми добиле државна поддршка за исплата на плати.
- Вкупно 25 767 лица вработени во фирмите од текстилната индустрија добиле државна поддршка за исплата на плати. Од овие лица 35 се сè уште вработени во фирмите од кои не им била исплатена плата.
- 282 750 денари сè уште не се исплатени до вработените во текстилните компании.
Повеќе информации за состојбата прочитајте во инфографикот подолу:
Инфографикот е изработен во рамки на проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско- платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници” Проектот се спроведува од страна на конзорциум од 6 организации составен од: Институт за економски истражувања и политики Finance Think – Скопје; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ – Скопје; Аналитика – Скопје; Здружение Гласен текстилец – Штип; Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник – Прилеп; и Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
—————————————————
22 декември 2020