Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Со сатиричен приказ на изјавата на Енди Ворхол: „Само затоа што луѓето го фрлаат и притоа немаат никаква корист од него, тоа не значи дека е ѓубре“ (“Just because people throw it out and don’t have any use for it, doesn’t mean it’s garbage.” Andy Warhol), Единицата за брзи артивистички акции, составена од група уметници, организираше „изложби„ на бројни “уметничките дела” на повеќе локации низ земјата.

Сатиричниот приказ на околината во која живееме, за ова група уметници е можност да се подигне свесноста за личната одговорност и за тоа како една акција на еден граѓанин влијае врз животната средина и квалитетот на живот на сите граѓани.
Креативниот активизам, како форма на граѓански активизам, јасно ги визуелизира проблемите, а понекогаш успева и да придонесе во нивното решавање. Уметноста кога е ставена во функција може да направи вистински промени.

“Единицата за брзи артивистички акции” и сите нивни активности можете да ги следите на нивната Facebook страница.