Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија избра 10 проекти на граѓански организации и активистички јадра на кои ќе им бидат доделени грантови од Повикот за доделување грантови на граѓански организации и активистички јадра кои активно работат и /или имаат интерес да работат во областа климатски промени. Грантовите се дел од активностите кои Фондацијата Отворено општество – Македонија ги спроведува во рамки на концептот Зелен скок – Партнерства за климатска акција.
Грантовите се во вкупен износ од $80.000.
Граѓанска организација / активистичко јадро | Наслов на проектот | Одобрен буџет |
Владимир Сикавица -Активистичка волонтерска иницијатива „Сметлана“ | Чисто Водно | $4.350 |
Nderim Pollozhani | Родното место не се сака со смет | $3.500 |
ЛОЕСЈЕ Битола | ЧИСТИ ПОВЕЌЕ, ВАЛКАЈ ПОМАЛКУ! | $12.760 |
Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп | Климатска правда за маргинализираните граѓани | $13.000 |
Стрип центар на Македонија-Велес | Креативна стрип кампања “МАКЕДОНИЈО, ЗЕЛЕНА ПАК КЕ БИДЕШ!“ | $4.761 |
Здружение за заштита и едукација на деца и млади Рома Прогрес -Скопје | Зачувај ја чиста својата животна средина | $5.580 |
Рурална Коалиција Куманово | Климатска акција за климатските промени во земјоделството | $8.520 |
ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД Скопје | Петтиот елемент | $12.229 |
Медиа Плус Штип | Утопија? Зелен Исток, бистри води | $8.179 |
Петар Стевановиќ (неформална група За почиста Македонија) | ЕКО ТУРА Македонија – Не за ѓубре, да за акција! | $7.121 |
—————————————————
29 април 2021