Во текот на 2022 година, со цел поддршка на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, ФООМ додели грант на Бирото за развој на образованието за да се изготват и преведат 12 прирачници на пет наставни јазици: македонски, албански, турски, српски и босански јазик.
Прирачниците имаат за цел подобрување на компетенциите на наставниците и спроведување на програмите според новата Концепција за основно образование а се наменети за наставници за прво, второ, четврто и петто одделение по четири предмети.
Поддршката од ФООМ ќе послужи за техничко и графичко уредување на прирачниците и наставните листови за учениците кои се составен дел од прирачниците, како и превод на четири јазици.
—————————————————
29 ноември 2022