Четвртиот извештај за степенот на имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и на Акцискиот план има за цел да истражи дел од ефектите на јавните политики, односно како очекуваните промени, кои се дел од реформата на јавната администрација, влијаат врз граѓаните, бизнис-заедницата, но и врз самата јавна администрација.
Имајќи ја предвид целта на овој извештај, беа поддржани четири новинарски истражувачки стории кои ги обработуваат прашањата поврзани со вработувањата и оптимизацијата на јавната администрација, појавата на корупција и пристапот до услугите.
Автори на сториите се Александра Филиповска, Маја Јовановска, Рада Исовска-Маневска и Сашка Цветковска.
—————————————————
11 септември 2019