Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во рамките на завршниот настан за презентација на резултатите од тригодишниот проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“, одржан на 14 октомври 2022 година, беа промовирани три кратки видеа:

  1. Редовно на часови – Презентација на проектните резултати
  2. Редовно на часови – Изјави од директните корисници и соработници (родители Роми, асистенти за поддршка на заедницата, претставници од училиштата и општините)
  3. Редовно на часови – Изјави од крајните корисници – учениците Роми

 

Проектните цели, активности и резултати се исто така претставени во брошурата „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“.

Фондацијата Отворено општество – Македонија, заедно со своите партнери Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ овозможи стипендии за ученици Роми во првиот циклус на основното образование, поддршка на ромската заедница и поддршка на училиштата.

Проектот беше финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, а се спроведуваше во периодот од октомври 2019 до октомври 2022 година, со цел да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми и да ги мотивира децата да бидат редовни на часови, но и да им помогне на училиштата да обезбедат инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат.

#StayAtSchool #РедовноНаЧасови #AchovKiSikljovni

—————————————————

26 октомври 2022