Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

„Центар на заедницата на Општина Струга“ е организација која активно се залага и промовира активно учество на граѓаните за унапредување на локалната демократија во општина Струга и југозападниот регион. Мислењето на граѓаните и нивната вклученост во демократските процеси на локално ниво, но и во процесот на пристапување кон ЕУ гледано низ призма на локална вклученост, Центарот на заедницата на Општина Струга ги смета за особено важни.

Јавната перцепција може да игра клучна улога во најважниот процес на земјата на патот на пристапување кон ЕУ. Но, граѓаните имаат прилично ограничени знаења и информации околу тоа што точно значи процесот за пристапување кон ЕУ и кои се задачите кои една земја треба да ги исполни за да пристапи кон ЕУ. Недостатокот од автентична , инклузивна дебата доведе до површни и нецелосни  информации за граѓаните, како и до недостаток на пристапни и објективни податоци за ЕУ. На овој начин, граѓаните, оние чие живеење ќе биде најзасегнато од пристапувањето во ЕУ, се изоставени.

Поглавје 23 – Судство и темелни права, од друга страна пак е најважното поглавје во процесот на пристапување кон ЕУ, но сепак истото е недоволно или минамално презентирано пред јавноста. Воедно, не постојат доволно анализи кои ја отсликуваат јавната перцепција и информираноста на граѓаните во општините Струга, Охрид , Дебар и Кичево. Досега спроведените истражувања и активности се однесуваат на претходните процеси кои ги спроведе државата на патот кон ЕУ.

Проектот „Анализа на јавната перцепција за процесот на пристапување во ЕУ со фокус на Поглавје 23“ имплементиран од Центарот на заедницата на Општина Струга има за цел да ја утврди перцепцијата на граѓаните во четирите општини за патот на пристапување кон ЕУ и да се обезбеди информации за реформските процеси и придобивките од членството во ЕУ .

Преку активностите на овој проект ќе се измери информираноста на граѓаните, но и ќе се обезбеди отворен, широк дијалог со граѓаните во врска со интеграцијата на Северна Република Македонија во ЕУ. Добиените информации од спроведеното истражување поместени во публикација која ќе им овозможат на граѓаните да изградат свој став за европската перспектива на земјата.

„Анализа на јавната перцепција за процесот на пристапување во ЕУ со фокус на Поглавје 23“ е еден од 15-те проекти на граѓански организации целосно поддржани од ФООМ за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

За повеќе информации за работата на Центарот на заедницата на Општина Струга како и за активностите од проектот, следете ги на нивниот веб сајт.

—————————————————

12 август 2020