Видеото „10 години Партнерство за отворено власт во Северна Македонија“ е изработено во рамките на проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“, финансиран од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт, а кој партнерски го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Центарот за граѓански комуникации и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.
Видеото беше промовирано во рамките на конференцијата за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023 и одбележувањето на десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија, што се одржа на 23 февруари 2022 година во Скопје.
—————————————————
28 март 2022