Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Мрежата за заштита од дискриминација во рамки на проектот „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост“ кој е поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, го објави најновиот тримесечен информатор за дискриминација.

Нееднаквиот третман кон определено лице или група на лица поради нивните лични карактеристики претставува дискриминација. Основите, видот и областите во кои дискриминацијата се забранува најдетално се опфатени со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Прифаќањето на различностите и заштитата од дискриминација се многу важни за напредокот на секое општество. Од овие причини, Мрежата за заштита од дискриминација ги набљудува случаите на дискриминација, активностите на државата и останатите здруженија на граѓани во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација. Информаторот ги прикажува податоците од набљудувањето во текот на едно тримесечје.

—————————————————

28 април 2022