Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Обуката „Образование за социјална правда“ има за цел да им помогне на наставниците да ја разберат важноста од почитување на различноста меѓу луѓето, да се запознаат со психо-социјалната основа за создавање на предрасуди и стереотипи, што значи дискриминација и што треба да се преземе за да се надминат овие појави, а е организирана во три целини – именување, огласување и градење сојузништва. Обуката се одржа од 18 до 24 август 2019 година, во хотелот Метропол во Охрид, а на истата присуствуваа 124 наставници од 10 основни училишта со настава на македонски, турски, српски или босански јазик.

Oбуката е реализирана во рамки на концептот Образование на помалите етнички заедници кој Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) го спроведува во партнерство со Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор“ („Чекор по чекор“) и во соработка со Управата за унапредување на образованието на заедниците. Со почетокот на учебната година, ФООМ и „Чекор по чекор“ ќе им помогнат на училиштата да воспостават „Заедници за учење“ преку кои ќе се овозможи меѓусебна соработка, учење и решавање на конкретни предизвици идентификувани од наученото од одржаните обуки во јуни и во август, а со цел унапредување на квалитетот на образованието.