Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Со низа регионални и меѓународни настани на теми од општествено значење, организација на изложба и со промоција на документарен филм и монографија, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ќе ја одбележи 25 годишнината од своето постоење во Македонија.

Одбележувањето на 25 годишнината на ФООМ ќе започне во четврток (3 мај), со промоција на документарен филм за Фондацијата и мултимедијална изложба со кои ќе се претстави нејзината работа и постигнувања во изминатиот период. Во текот на месец мај ќе се организираат повеќе конференции на кои учесници од Македонија и странство ќе дискутираат за значајни теми како што се влезот на Македонија во ЕУ, правното зајакнување, здравјето на Ромите, слободата и интернетот, младите и отвореното општество, образовните реформи, моќта на уметноста и културата за социјални промени, како и за иднината и перспективите на отвореното општество во Македонија. Најголемиот дел од настаните се организирани во соработка со други граѓански организации кои се воедно и долгогодишни партнери на ФООМ како  Евротинк, Коалиција Маргини, Фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум. Дел од одбележувањето на јубилејот ќе биде и изложбата за креативен активизам организирана во соработка со Центарот за современи уметности.

—————————————————

28 март 2018