Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Главната цел на проектот „Легализација на домувањето за Роми“ беше да го олесни процесот на легализација и со тоа да го зголеми процентот на законски регулирана сопственост врз домовите од страна на ромските граѓани во Република Македонија, Проектот го спроведуваше Хабитат Македонија и граѓанската организација за правата на Ромите – Национален ромски центар (НРЦ). Средства во вкупен износ од 905.208 долари беа обезбедени од ФОО-РИО (Канцеларија за Ромски иницијативи), Ургентниот фонд на ФОО и ФООМ.

Хабитат Македонија им помогна на 1.200 семејства преку обезбедување бескаматни заеми за завршување на постапката за легализација. Информативната кампања стигна до повеќе од 14.000 Роми, односно до повеќе од 2.000 домаќинства во 12 општини кои живеат во бесправно изградени домови и резултираше во 1.519 групни поднесоци со иницијални документи за отпочнување на постапката за легализација во согласност со Законот. Во 2012 година, беа воспоставени Фонд за легализација на домувањето за Роми и Ресурсен центар. Фондот за легализација на домувањето на Роми обезбеди финансиска помош за постапката за легализација, додека Ресурсниот центар ја надополни помошта преку обезбедување правни совети за ромските семејства. Комплетирањето на документацијата за легализација беше поддржано со повеќе од 1.200 бескаматни заеми, а дополнителни 62 заеми беа дадени за реновирање и реконструкција на ромските домови. Беа поднесени вкупно 1.513 индивидуални барања, од кои 954 остануваат во постапка, додека 559 семејства добија имотни листови за нивните домови. Постигнатиот успех е многу поголем од првичните очекувања, поради сложеноста на законот за сопственост и сродните закони. Легализацијата е административна постапка која е уредена со сложена правна рамка и зависи од конкретниот Закон за легализација, како и од повеќе од 5 подзаконски акти, други применливи закони и подзаконски законски кои НРЦ ги искористи за да ја тестира имплементацијата на правната рамка на национално ниво.

—————————————————

16 мај 2019