Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во периодот 1992–2013 година, Програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства, основана од Џорџ Сорос во 1991 година со идеа да се создадат можности за меѓународна соработка во контекст на пост-социјалистичка транзиција, промовираше и поддржуваше размена и движења на идеи преку поврзување на заедници на практика и заедници за влијание ангажирани во колаборативни акции. Вкупно 1.291 индивидуални активисти, уметници, новинари, претставници на локални и централни власти од Македонија користеле грантови за учество на меѓународни и регионални конференции, застапувачки платформи, обуки, работилници и други колаборативни акции во земјите од Средна и Источна Европа, но и во Евро-Азија и Африка. Организации и неформални групи од Македонија биле домаќини на вкупно 116 настани. Најчести теми на интерес за меѓународна соработка беа младинското и студентското ангажирање, надминување на етнички конфликти, како и застапување за мир, унапредување на правата и услугите наменети за социјално најмаргинализираните заедници и застапување за граѓанско учество во креирањето јавни политики и транспарентно и отчетно работење на властите.

Вкупната сума средства потрошени за Програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства изнесуваше 2.216.326 долари.

—————————————————

16 мај 2019