Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

ФАНИ КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА

Извршна директорка

Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА е извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) од јули 2015 година. Зад себе има 20 години искуство стекнато преку работење во граѓанскиот сектор и како волонтерка во студентски и младински организации и како член и дел од раководството на граѓански организации во земјата. Вработена е во ФООМ од 1998 година, а нејзината релевантна експертиза е во областите на пристап кон ЕУ, јавна администрација и реформи на локалната власт со посебен фокус на транспарентност и отчетност како и граѓанско учество.  Фани поседува додаток на диплома во областа на ЕУ интеграциите издаден од Институтот за европски политики од Берлин. Таа е уредник и коавтор на бројни публикации во областите на децентрализација и пристап кон ЕУ. Таа е дипломиран економист, со тековни магистерски студии по Европски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Од 2018 година е Претседателка на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, што претставува советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.