ЗЕЛЕН СКОК – ПАРТНЕРСТВО ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА
Стратегиската цел на ова ново работно портфолио е да се зајакнат актерите од граѓанското општество, за да можат да заземат и одржат лидерска улога во обликувањето на дебатата за политики за одржлив развој. Ќе обезбедиме помош и поддршка за значително слабиот и досега неорганизиран сектор, за да може организациите да ја структурираат и зајакнат својата база и да дефинираат значајни позиции за застапување. Покрај тоа, поддршката ќе се однесува и на зајакнување на нивните капацитети, за да можат да придонесат за унапредување на квалитетот на политиките и практиките за климатски акции релевантни за социјално загрозените заедници. Предизвикот за доминантните наративи ќе биде да се смени јавната свест кон значително индивидуална и колективна бихевиорaлна промена, што ќе придонесе кон ефективна климатска акција.
АКТИВНОСТИ 2021
- Мапирање на јазовите во политиките и законодавството, по што ќе следуваат препораки за политики и активности на застапување;
- Обезбедување поддршка на локални граѓански актери и мрежи базирани на прашања за ефективно градење на капацитети за застапување;
- Спроведување на јавна кампања за едукација за мотивирање на интерес кај граѓаните за забрзана климатска акција;
- Обезбедување поддршка за локалните групи за вклучување на членови од загрозените заедници во кампањи за креативен активизам.
ЗДРАВЈЕТО ВО СИТЕ ПОЛИТИКИ
Намерата е да се одржи здравјето како висок приоритет на политичката агенда и по кризата со КОВИД-19, преку: 1) примена на меѓусекторскиот приод за решавање на социјалните детерминанти што предизвикуваат неправичност и големи разлики во здравствените исходи кај популациските групи и барање правичен пристап до здравствени услуги базирани на праведна и фер распределба на здравствените ресурси; 2) мониторинг и оценување на влијанието на политиките врз здравјето и здравствената правичност во рамките на, и надвор од, здравствениот сектор, на тој начин развивајќи докази за застапување за одговорност и кохерентост на политиката што се однесува на здравствените потреби на граѓаните; и 3) поддршка на вкрстеносекторска соработка и ангажирање на различни засегнати чинители (вклучувајќи и експерти за политики, организации на граѓанското општество и членови на заедницата) за да се обезбеди интегрирање на прашањата во врска со здравјето при носењето одлуки во секторите и областите на политики. Се очекува овие интервенции да резултираат со: стекнато разбирање како индивидуалните и општествените фактори се вкрстуваат и креираат здравствени нееднаквости и натаму го повредуваат здравјето; идентификуван начинот на кој диспропорционалната дистрибуција на политичка и економска моќ ги обликува политиките во секторите кои се незаменливи за постигнување еднаквост и благосостојба; кредибилни докази, развиени и користени за заедничко барање на правичност и борба против општествениот и структурен неред.
АКТИВНОСТИ 2021
- Спроведување истражувачки активности за оценка на влијанието на одредени социјални детерминанти врз здравјето на ранливите групи, вклучувајќи ги (но не ограничувајќи се на): животната средина (внатрешна и надворешна), образованието, вработувањето, сиромаштијата итн., со учество на засегнатите заедници;
- Активности на кампања за решавање на досега невидена ранливост на маргинализираните групи за време на кризата со КОВИД-19 и силно да и се сугерира на Владата овие групи да имаат приоритет во националниот план за вакцинација, со што се подобрува нивниот здравствен статус, а се овозможува и социо-економска активност и целосна егзистенција;
- Активности за справување со влијанието на социјалните детерминанти и иницирање промена на политиките за две детерминанти што имаат сериозно влијание, со документирање на влијанието на тие социјални детерминанти; формирање група на релевантни засегнати чинители (локални и национални) за решавање на негативното влијание на социјалните детерминанти; подготвување на акциски планови и заеднички активности за застапување за интегрирање на предложените акции во постоечки стратегии.
Проекти со поддршка од други донатори
ФООМ го спроведува проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, финансиран од ЕУ. Целта на проектот е да овозможи заштита на човековите права преку правно зајакнување и унапреден пристап до правда за најмаргинализираните групи (со фокус на Ромите, луѓето кои користат дроги, сексуалните работници, децата и семејствата во социјален ризик и други ранливи заедници), како и преку напредни политики и практики базирани на докази, конзистентни со приодите за човекови права што ги задоволуваат потребите на дадените маргинализирани заедници. Времетраење: јануари 2020 – јули 2021. Вкупен буџет: 210.524 €.
ОБРАЗОВАНИЕ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ПОМАЛКУ БРОЈНИТЕ ЗАЕДНИЦИ И СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ УЧЕНИЦИ
Намерата е да се решаваат нееднаквостите во образованието што, главно, ги погодуваат поодалечените училишта со ученици од помалку бројните заедници и економско-социјално загрозените ученици, преку: 1) обезбедување директна поддршка за основните училишта за унапредување на наставата и учењето; 2) застапување политики и поддршка за унапредено образование и младински политики; и 3) поддршка за вклучување на учениците Роми во доминантните текови на образованието. Се очекува со вложените напори да се унапредат компетенциите на наставниците кои работат во руралните и подалечните училишта и да се насочи вниманието на ефективни политики за обука на наставниците на највисоко ниво на политики. Наставните ресурси призведени на малцинските јазици ќе ја олеснат нееднаквата распределба на можности за учениците од малцинствата, додека пак финансиската поддршка за учениците Роми ќе придонесе да се намали напуштањето на училиштето поради сиромаштија. Покрај тоа, очекуваме значајно да придонесеме во дебатите за политиките, што ќе резултира со системски решенија кои ги елиминираат нееднаквостите и обезбедуваат целосно учество и еднакви можности за сите ученици.
АКТИВНОСТИ 2021
- За да се ублажи бројот на предизвиците што произлегуваат од онлајн наставата поради пандемијата, како и спроведувањето на новиот концепт за основно образование за што се потребни целосно опремени училишта и добро обучени наставници, ФООМ ќе обезбеди директна поддршка на 20 основни училишта. Поддршката вклучува: дидактички и други наставни помагала, обука за наставниците наменета за подобрување на дигиталните компетенции на наставниците, образование за социјална правда, наставни методологии во центарот на кои е детето, збогатување на дигиталните ресурси за држење настава и учење на малцински јазици, овозможување заедници за учење за наставниците и директорите на училиштата итн.
- Резултатите од континуираниот мониторинг на спроведување на политиките и ефектите врз училишните практики ќе бидат презентирани на Националната конференција за предизвиците и перспективите на образованието на малцински јазици, со учество на образовните власти и локалната самоуправа, наставниците, директорите на училиштата и други засегнати страни; традиционалниот настан Speech 4Teach ќе биде организиран со цел да се промовира мотивација и извонредност во наставата;
- Наодите од истражувањето на можностите за формално и неформално образование за младите од урбани и рурални средини ќе обезбедат информации за нашето застапување на политики и активизам за напредени политики, што ќе обезбеди повеќе можности и подобар ученички стандард; неодамна изготвената дигитална платформа ќе обезбеди најразлични обуки, креативни и други активности за исклучената и запоставена младина.
Проекти со поддршка од други донатори
- Целите на проектот Редовно на часови – акција за вклучување на Ромите во основното образование, финансиран од ЕУ, се да овозможи еднаков пристап и да ги подобри стапките на присуство и завршување на основното образование на учениците Роми, чии семејства се корисници на социјална помош. Оваа година 638 деца Роми добија стипендија, додека 20 основни училишта добија обука и наставни материјали за трансформирање на училниците во поинклузивна и постимулативна средина за учење. Времетраење: октомври 2019 – октомври 2020. Вкупен буџет: 1.225.528€.
ФООМ продолжува да ја администрира поддршката за стипендии за универзитетските студенти Роми преку проектите РМУСП и РХСП финансирани од РЕФ.
ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Овој концепт беше воспоставен за да се поттикне и поддржи директно учество на граѓанското општество во креирањето и надзорот на интерсекторската политика, со цел да се ограничат ефектите од корупција врз постигнувањето на социјална правда и унапредувањето на заштитата на човековите права. Конкретните цели што треба да се остварат во рамките на овој концепт вклучуваат: 1) да се подобри разбирањето на интеракцијата меѓу социјалната правда, корупцијата и недостатоците кај владеењето на правото; 2) да се поддржат тематските мрежи на граѓанското општество за тие да учествуваат во иновативна интерсекторска соработка и да застапуваат промени во јавните политики во согласност со интерсекторскиот приод; и 3) да се спроведе мониторинг на политиките за социјална правда базиран на докази, како здравството, образованието и заштитата на животната средина, коишто се изложени на повисок ризик од корупција и предивикуваат значителна штета на правата на маргинализираните заедници. Се очекува нашите напори да придонесат за: поинклузивен дијалог за политиките при што се решаваат внатрешните врски меѓу социјалната правда, корупцијата и недостатоците кај владеењето на правото; зајакнати тематски мрежи за антикорупција и антидискриминација преку иновативна интерсекторска соработка и; зголемена ефективност и моќ за застапување на граѓанското општество во секторскиот дијалог со креаторите на политиките.
АКТИВНОСТИ 2021
- Ќе биде обезбедена поддршка за три тематски мрежи: 1) за спроведување ново истражување за подобро да се објаснат меѓусебните релации на политиките меѓу социјалната правда, корупцијата и недостатоците кај владеењето на правото; 2) за учество во структурен дијалог и дизајнирање на интерсекторски политики; 3) за спроведување на надзор базиран на докази, врз политики и практики каде што се вкрстуваат социјалната правда (образование, здравство или заштита на животната средина), антикорупција и владеење на правото; 4) за вклучување во интерсекторска соработка со нови партнери и за заедничко застапување за ревизија на политики, користејќи интерсекторска перспектива.
- Ќе се произведе медиумска содржина за зголемување на обемот на лесно достапни и разбирливи информации во врска со интерсекторските политики.
- ФООМ ќе обезбеди техничка поддршка за партнерите за спроведување на новите приоди во антикорупциските наративи.
Проекти со поддршка од други донатори
- ФООМ го спроведува повеќегодишниот проект Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграции, финансиран од ЕУ. Целта на проектот е: да овозможи значајно и структурирано учество на граѓанското општество во механизмите на формалната консултација; да обезбеди централна точка на информации во консултативните процеси; да го зголеми влијанието на граѓанското општество врз клучните сектори и реформски политики во врска со процесот на пристапување во ЕУ преку мониторинг базиран на докази; и да го зголеми јавното знаење и свест за секторското учество и политики. Времетраење: април 2019 – април 2022. Вкупен буџет: 640.439€.
- ФООМ го спроведува проектот Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво, финансиран од УСАИД. Целта на проектот е да придонесе за промоција на доброто владеење на локално ниво со зајакнување на отпорноста на локалните власти на корупција и зголемување на учеството на граѓанското општество во борбата против корупцијата, преку пристап до бесплатна правна помош за случаи на корупција и јавна кампања што користи нови приоди кон антикорупциските наративи. Времетраење: март 2020 – март 2021. Вкупен буџет: 123.867$.
ФООМ заедно со Центарот за граѓански комуникации и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените го спроведува проектот Поддршка на процесот за ко-креирање на Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023, финансиран од Секретаријатот за Отворено владино партнерство и Светска банка. Целта на проектот е зајакнување на процесот на ко-креирање за да се обезбеди поамбициозен Акциски план за ОВП во 2021 година во Северна Македонија преку унапредување на дизајнот и амбициите на Акцискиот план; зголемување на квалитетот на учеството и дијалогот за ко-креирање; зајакнување на процесот на дискусија и приоретизирање на обврските; континуирано учество и унапреден мониторинг на донесениот Акциски план; и зголемена соработка и координација меѓу Владата и граѓанското општество. Времетраење: јули 2020 – ноември 2021. Вкупен буџет: 60.000$.
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА 2021
- 2021 година е последна година на спроведување на антикорупциската иницијатива Регионални креативни јадра: искористување на моќта на уметноста и културата за охрабрување граѓанска акција против корупцијата. Иницијативата ја спроведуваат националните фондации во државите од Западен Балкан (ФОО Македонија, ФОО Србија, ФОО Албанија и ФОО Босна и Херцеговина) и ИООЗА, со поддршка на Програмата за уметност и култура на ФОО, Програмата за економска правда и секторот Лаб во рамките на Стратегиското одделение. Таа креира виртуелна платформа за уметниците, активистите и новинарите да научат како и зошто креативно да се вклучуваат во антикорупциските прашања, да изградат меѓусекторски релации и подобро да ја разберат улогата на креативната акција и како таа влијае врз перцепцијата на јавноста за корупцијата. Оваа година активностите вклучуваат: онлајн менторство и обука дизајнирани според потребите; имплементирање на грантови за креативни кампањи; глобален форум за креативен активизам и антикорупција и книга и видеопродукција.
- Преку регионалниот проект Одговор на социо-економските ефекти на КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците кои се дел од неформалната економија и времено вработените работници, ФООМ обезбедува поддршка за локално ниво и на тинк-тенк организациите. Целта на проектот е: да придонесе за подобро разбирање на ефектите врз ранливите групи, предизивикани од владините политики донесени поради КОВИД-19; застапување долгорочни мерки за ублажување на негативните социо-економски последици врз ранливите групи како работниците со ниски примања, работниците во неформалната економија и времено вработените работници; и развивање регионална мрежа на организации од граѓанското општество заради размена на знаење и поттикнување на соработка.
- ФООМ во соработка со ЕСП и националните фондации во Албанија, Косово и Србија спроведува инвестициски проект со влијание врз општеството предводен од принципите за климатска правда Schools Community Self-governance for Climate, Disaster and Social Resilience. Целта на оваа инвестиција е да се зајакне капацитетот на еко-системот училиште-заедница, да биде поотпорен социјално, економски и од аспект на животната средина за време на нарушувања и катастрофи. До крајот на годината се очекува приближно 50 училишта во четири држави да бидат опремени со фотоволтаични кровови.