Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

16 АПРИЛ 2020

АВТОР: ПАТРИК ГАСПАР

Оваа недела, Џорџ Сорос истакна дека има огромна економска штета нанесена од пандемијата COVID-19 и се фокусираше на разликите прикажувајќи ги како водечки предизвик на отвореното општество при една ваква криза што брзо се шири. Признавајќи го глобалниот неуспех да се преиспита економскиот модел по финансиската криза во 2008 година, Џорџ ја повика американската влада да го следи патот на неколку европски влади во гарантирањето на платите на сите работници за време на ова историско заклучување на светот.

Како некој кој го постигна својот активизам преку борбите и организираниот колективен глас на работниците со ниска плата, јас сум длабоко согласен со проценката на нашето претседателство во моментов. Оваа проценка ја поттикнува нашата соработка со политичките лидери и ја обликува нашата изработка на грантови за тие да одговараат на моменталната состојба. Сè повеќе ја препознавме важноста за соединување на нашите заложби за човекови права со напорите за постигнување економска правда. Оваа пандемија бара од нас со сила да навлеземе во работата на политиката за трансформација на системите, но постои сѐ поголема хуманитарна криза, која исто така мораме да ја третираме со сочувство и со нашата добро позната строгост.

Разговарав со колегите од останатите Фондации со цел да ги прераспоредиме нашите ресурси во сеопфатна интервенција за решавање на кризата предизвикана од СОVID-19, која допира до буквално секој аспект од нашата работа. Сега е време да ги искористиме во целост сите наши ресурси.

Денес, изјавувам дека Фондациите Отворено Општество вложуваат инвестиција од 130 милиони американски долари за борба против уништувањето предизвикано од коронавирусот – фокусирајќи се на заедниците кои честопати се изоставени од владината политика. Болеста, која ги сврте наопаку претпоставките во стратегиите кои вредно ги составуваме со месеци, ќе бара две различни и повеќефазни реакции од нас во 2020 година. Првата фаза, детално опишана овде, е насочена кон најинтензивните тековни проблеми. Во втората фаза ќе доминираат инвестициите во глобалниот југ кои ќе се фокусираат на економски интервенции и проблемите со владеење на правото кои веќе излегуваат на површина.

Генерално, нашето финансирање ќе се подели на четири дела: напори за поддршка на работниците со ниски приходи – домашни работници, даватели на нега, непријавени работници, оние што работат во неформалните економии и хонорарните работници; заштита на бегалците, мигрантите и барателите на азил, кои се соочуваат со нови ризици поврзани со СОVID-19, без практично никаква структурна поддршка; осигурување дека, по изработката, новите третмани и вакцини се достапни за сите и пружање отпор на популистичките наративи и авторитарните грабежи за кои сведочевме, а кои беа претставени како одговор на оваа криза на штета на граѓанските слободи и човекови права.

Соединетите Американски Држави моментално имаат двојно повеќе потврдени случаи од која било друга земја. Маката на работниците во најбогатата земја на планетата е особено тешка. Фондациите Отворено Општество инвестираат 68 милиони американски долари како нови фондови во САД, со што ги удвојуваме нашите напори за поддршка на економскиот систем на работниците со ниска плата кој претрпува длабоки шокови од вирусот.

Очекуваме дека работата што ја поддржуваме особено во Њујорк – епицентарот на вирусот во САД – ќе се пресликува во градовите и државите низ целиот континент и ќе обезбеди модели за помош во целиот свет. Ваквите мерки во Њујорк вклучуваат:

Но, како една глобална фонадција, нашата заложба се протега многу подалеку од САД. Вложуваме и во напори да се осигураме дека ранливите заедници во економиите во развој имаат рамноправен пристап до квалитетни информации и услуги за здравствена заштита и дека давателите на здравствени услуги ја добиваат потребната опрема за соодветно пружање помош на тие заедници.

Инвестиравме да помогнеме во напорите за обнова по уништувањето предизвикано од COVID-19 во Босна и Херцеговина, Унгарија и Италија. Доделуваме грантови на давателите на услуги од првите борбени редови во Јоханесбург и Лондон. Помагаме во финансирањето на глобалните напори за намалување на задолжителниот притвор, охрабрувајќи многу влади да ги ослободат притворените лица во престрет на коронавирусот и притоа да ги преиспитаат политиките што создадоа масовно затворање.

Исто така има многу повеќе дела од нашите регионални и национални фондации ширум светот, од грантови за итна помош воспоставени од нашите фондации во Киргистан и Украина, поддршка за испорака на оброк за илјадници стари лица, инвалиди и хронично заболени во Ерменија, испорака на оброк за ранливите Роми ширум Европа, финансирање за итни случаи на уметниците на Хаити и други.

Но, покрај оваа првична реакција, време е да размислиме длабоко затоа во каков свет сакаме да живееме. За многумина од нас пандемијата ги потенцираше предизвиците за нашиот глобализиран свет и старите начини на управување со економиите, предизвикани од егзистенцијална закана од климатските промени. Тековната катастрофа, исто така, претставува можност да се изврши притисок за основните промени потребни за создавање општества кои се посилни и поотпорни во решавањето на идните предизвици. Ве уверувам дека Фондациите Отворено Општество ќе бидат активен учесник во оваа потрага по подобар свет што ќе произлезе од траумата од денешниот хорор.

Извор: Фондации Отворено општество

*

Слика: Касиерки со заштитни маски во продавница во Њујорк на 2 април 2020. © Stephanie Keith/Getty