Мрежата за заштита од дискриминација ќе организира онлајн тркалезна маса со цел да се отвори дискусија со стручната јавност за предизвиците кои постојат во моментот а и продобивките кои би се добиле од препознавањето на дискриминацијата како основ за судски спор во судскиот деловник.
Тркалезната маса ќе се одржи на 19 Ноември 2021 година со почеток во 11.00 часот на платформата ZOOM.
Како една од мерките со која државата ја обезбедува и гарантира заштитата од дискриминација е правото на поведување на постапка за заштита на правата пред надлежен суд. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, постапките за дискриминација може да ги поведе поединецот чии права биле повредени (индивидуална тужба), или пак здруженија, фондации, синдикати, други организации од граѓанското општество и неформални групи, доколку со дискриминаторското дејство се дискриминирани поголем број лица (тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес). Законот предвидува дека овие постапки ќе се водат согласно одредбите на Законот за парничната постапка.
Новиот Предлог-закон за парнична постапка содржи одредби со кои се препознава тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес како посебна постапка, а истовремено предвидува и право на ревизија во спорови за заштита од дискриминација без оглед на исходот на спорот.
Сепак, и покрај тоа што правото да се побара заштита пред надлежен суд не е оспорено во ниту еден случај, практичарите се соочуваат со проблем – непостоење на основот „дискриминација“ во судскиот деловник како една од основите за поведување на судска посстапка пред надлежен суд.
Ваквата неусогласеност на судскиот деловник со постоечката законска рамка креира повеќе проблеми кои се однесуваат на иницирањето и водењето на постапката, но и на на пребарувањето на судска пракса на судскиот портал.
Со цел да го покрене прашањето на вклучувањето на овие спорови како посебен вид на основ за судски постапки, Мрежата за заштита од дискриминација во јануари оваа година издаде документ за јавни политики – „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“. На настанот ќе биде промовиран овој Документ кој содржи и предлог за измена и дополнување на Судскиот деловник заради вклучување на предметите поведени по основ заштита од дискриминација.
Барајќи од стручната јавност да се вклучи со поддршка во барањето за измена и дополнување на судскиот деловник со вклучување на заштитата од дискриминација како основ за судски спор, Мрежата за заштита од дискриминација ја организира оваа тркалезна маса.
Ве молиме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 18.11.2021 година (среда) на овој линк.
Лица за контакт:
Маргарита Глигороска mgligoroska@yahoo.com, 077953787
Маја Атанасова
070522445
АГЕНДА
11:00-11:15 Воведни обраќања
– Кире Миловски, Програмски координатор, Фондација Отворено општество – Македонија
– Маргарита Глигуроска, правна советничка, Мрежа за заштита од дискриминација
11:15-11:30 Презентација на документ за јавни политики – „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“
– Александра Цветановска, Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
11:30-12:00 Панел дискусија:
– Судија Лидија Димова – Претседателка на Основен суд Велес
– Тамара Славеска Апостоловски – Адвокатка
– Марија Бриндевска – Виш соработник за преговори, интеграција и следење во Секторот за Европска Унија
12:00-12:30 Дискусија, заклучоци и препораки
Модератор: Маја Атанасова, МЗМП, Мрежа за заштита од дискриминација
Говорници: