Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Датум: 23 – 26 септември, 2019г.

Локација: Охрид

Процесот на пристапување кон ЕУ сам по себе побарува добро познавање на комплексната институционална структура на ЕУ од една страна, но и законодавството во земјата. Затоа е особено важно институциите но и граѓанското општество да бидат на ниво на задачата кога Република Северна Македонија ќе ги отпочне преговорите со Европската Унија. Начелно, иако пристапувањето кон ЕУ, е процес кој е карактеристичен и поинаков за секоја земја кандидат, сепак, регионалните искуства можат да дадат увид и примери кои потенцијално може да имаат практична примена во преговорите. Од тој аспект, регионалните искуства заслужуваат детална анализа за да се извлечат заклучоци кои понатаму би биле од помош на земјата при преговарањето со ЕУ.

Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на преговори во раните фази е од особено значење, со оглед на фактот дека ГО секогаш го имаат на ум интересот на граѓаните и доколку се вклучени, ќе се погрижат процесот да биде можност за вистинска општествена реформа, а не пракса на одбележување на исполнети обврски.

Со цел да ги зголемиме капацитетот и знаењата на граѓанските организации и јавната администрација за процесот на преговори и пристапување во Европската Унија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, во партнерство со Институтот за европски политики (ИЕП) од Берлин и Евротинк – Центар за европски стратегии од Скопје ја организира третата обука за претставници од граѓанското општество и институциите. Конкретно, на оваа обука учествуваат претставници на граѓанските организации кои ги следат областите од Поглавје 23 (Судство и фундаментални права) како и претставници на јавната администрација кои работат во секторите/одделенијата поврзани со ЕУ.

Обуката се одржува од 23-26 септември, во Хотел Метропол во Охрид и е посветена на преговарачката рамка со ЕУ и споделување на регионалното искуство на земјите од регионот кои веќе ги имаат отпочнато преговорите за членство.

Предавачи се:

Во наредниот период, ќе бидат одржани дополнителни тематски обуки посветени и на областите борба против корупцијата како и спречување и заштита од дискриминација, кои се клучни области од Поглавјето 23 во преговорите со Унијата.