Членовите на Тивка револуција спроведоа анкета со помош на младите од Општина Тетово, за нивната визија за иднината на град Тетово, односно како младите го гледаат градот во иднина.
Одговорите на анкетираните се пресликани во нашиот нов мурал, во влезот на град Тетово.

Муралот го отсликува урбанизираниот и модернизираниот град на Тетово, со решен јавен превоз, стаклен мост, облакодери, зелени паркови и чист воздух. А сето ова е постигнато со плодната работа на локалната власт, вредна како пчелите на муралот.

Реализирањето на муралот е финансиран од Фондацијата Отворено општество- Македонија.
—————————————————
17 февруари 2021