Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Регионалното географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, реализираше еко-акција за чистење на дел од големата депонија кај игралиштето за фудбал во соработка со ромското население од населбата Горен Баир.

Акцијата е можеби капка во морето, а проблемот е сериозен и претставува извор на бројни зарази, но сепак оваа со оваа акција здружението и граѓаните покажаа дека се стремат кон иднина во која депонијата е целосно исчистена.

Чистата депонија ќе придонесе кон подобување на здравјето на сите жители во населбата пред сѐ, но и ќе ги подобри условите и квалитетот на живот генерално.

Сите имаат право на живот во чиста животна средина, особено децата!

—————————————————

5 април 2021