Започна “санација на најкритичните дупки“ во Тетово. Градските улици во Тетово се полни со дупки, кои ги има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да се информираат меѓусебно и да се предупредат меѓусебно за некоја нова дупка во градот.
![](http://fosm.mk/wp-content/uploads/2021/03/149177728_275754997309466_8561449087015641270_n.jpg)
Граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а општината нема слух за граѓаните. Затоа, денеска, млади активисти од Тетово започна со акција за “санација на ударните и најкритичните дупки“ со цртежи, на сите градски патишта на територија на општината, и воедно да им испратаат порака на општината.
![](http://fosm.mk/wp-content/uploads/2021/03/149271248_275755040642795_3575251844693533424_n.jpg)
![](http://fosm.mk/wp-content/uploads/2021/03/149228619_275755047309461_4934864770665859602_n.jpg)
![](http://fosm.mk/wp-content/uploads/2021/03/149619498_275755003976132_5256974081534233235_n.jpg)
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори. Акцијата “Санација на најкритичните дупки“ во Тетово е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
—————————————————
15 февруари 2021