Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Го споделуваме третиот тримесечен информатор за дискриминација на Мрежа за заштита од дискриминација за периодот јули – септември 2021 година.
Нееднаквиот третман кон определено лице или група на лица поради нивните лични карактеристики претставува дискриминација. Основите, видот и областите во кои дискриминацијата се забранува најдетално се опфатени со Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Прифаќањето на различностите и заштитата од дискриминација се многу важни за напредокот на секое општество. Од овие причини, Мрежата за заштита од дискриминација ги набљудува случаите на дискриминација, активностите на државата и останатите здруженија на граѓани во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација. Информаторот ги прикажува податоците од набљудувањето во текот на едно тримесечје.
***
Информаторот е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“.

—————————————————

2 ноември 2021