Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Центарот за современи уметности – Скопје и Фондација Отворено општество – Македонија на 30 септември и 1 октомври 2022 година, во Јавна соба, Скопје, ја организираат конференцијата „Време за ресетирање: Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“. На конференцијата ќе учествуваат познати теоретичари, ангажирани уметници, активисти и организации од Африка, Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Македонија, САД, Србија и Холандија.

На отворањето на конференцијата ќе се одржи промоција на книгите „СОЗДАВАЊЕ ПРОМЕНА: Разгледување креативни приоди за акција против корупција во Западна Африка и на Западен Балкан” и „Уметнички/ креативен активизам во Македонија: Враќање на јавниот простор преку граѓански ангажман 2006 – 2020“ и ќе биде прикажан документарниот филм „КреаАКТ: Креативни приоди во борбата против корупција на Западен Балкан и во Западна Африка“.

На 1 октомври 2022 година, во периодот од 10 до 17.30 часот, ќе се одржат панел-дискусиите „Квака 22“ со поглед кон иднината (дел I и дел II)“ и „Имаме шанса! Од подигнување свест до општествена мобилизација низ призмата на донаторите“.

Деталната програма на конференцијата можете да ја преземете тука. (ALB | ENG)

Сите заинтересирани може да го потврдат своето присуство на anita@Scca.org.mk и adrijana.lavchiska@fosm.mk

Говорници: