Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

На 25 февруари 2022 година, беше промовирано истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“, изработено во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, имплементиран од Младински образовен форум а финансиски подржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

На самиот почеток, поздравно обраќање имаше Постарата програмска координаторка од ФООМ Наташа Анѓелеска, која потенцираше дека највисок приоритет на Фондацијата Отворено општество – Македонија е заштитата и подобрувањето на животот на маргинализираните граѓани и спречувањето и заштитата од дискриминација по сите основи. Главната цел на овој проект, имплементиран од страна на Младинскиот образовен форум беше да се актуелизира и намали дискриминацијата во високото образование, а преку креирање на истражување за перцепција на дискриминација на трите универзитети од страна на студентите, преку спроведување на кампања за актуелизирање на феноменот на дискриминација присутен во високото образование, креирање на едукативен модул за борба против дискриминацијата и подигнување на нивото на студентските права наменет за студентските правобранители на факултетите и универзитетите, и финално  и најважно од сѐ креирање или промена на предлог-политики за унапредување на еднаквоста и намалување на дискриминацијата на факултетите и универзитетите.

Како што истакна и авторката Софија Георгиевска, истражувањето се осврнува на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола и Државниот универзитет во Тетово. Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции а во насока на превенција и санкционирање на дискриминацијата.

Клучните податоци од истражувањето се :

Според студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Теа Мицевска, малиот број на пријави  од страна на студентите во однос на дискриминацијата се должи поради неинформираноста на студентите за механизмите за заштита и остварување на своите права.  Таа изјави дека се соочила со сведоштва на студенти кои не се осмелуваат да ги пријават прекршувањата на нивните права поради страв.

Игор Јадровски, член на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација изјави дека од 167 предмети кои ги имаат изработено во 2021 година, само 1 претставка доаѓа од студентка за случај на дискриминација, што е поразително.

Според претседателката на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Ева Цветковска, алармантен е податокот дека академската средина потфрлува во прифаќањето на Ромите како дел од таа средина. Таа додаде дека во фокус на нивната работа како студентски претставници треба да биде адресирањето на дискриминацијата на студентите кои не се дел од хетеро нормативната сексуална ориентација, а особено да се поттикнат студентите со друга сексуална ориентација поактивно да ги пријавуваат случаите на дискриминација низ кои поминуваат во академската средина.

Клучни препораки кои произлегоа од Истражувањето се:

  1. Подготовка и усвојување на интерни акти за спречување и заштита од дискриминација во рамки на универзитетите.
  2. Воспоставување на посебно тело за спречување и заштита од дискриминација при универзитетите, во чие воспоставување и функционирање студентите ќе имаат значајно учество.
  3. Јавно и редовно информирање на студентите и вработените на факултетите и универзитетите за основите и формите на дискриминација и достапните механизми за заштита од дискриминација и начинот на кој може да се спроведе постапка за заштита од дискриминација.
  4. Спроведување на анонимни годишни анкети за дискриминацијата од страна на посебните тела за спречување и заштита од дискриминација.
  5. Ревизија на учебниците и учебните помагала, отстранување на спорните содржини и воведување на објективни, научно засновани информации кои се темелат на човековите права и принципот на недискриминација.

Целосното истражување може да го преземете тука.

 

 

 

 

—————————————————

28 февруари 2022