Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Како дел од проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ и заложбата за „Унапредување на пристапот до правда“ во рамки на четвртиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство, во периодот од 26 до 28 мај 2021 година се одржа обука за унапредување на знаењата на вработените во Центрите за социјална работа, Министерството за труд и социјална политика и Ромските информативни центри на која присуствуваа повеќе од 40 учесници. 

Програмата за обуката беше развиена согласно потребите на учесниците и во согласност со Програмата за обука на параправници. Учесниците беа запознаени со процесот на Отворено владино партнерство, моделите на пристап до правда во заедницата (презентирани од граѓански организации и правни клиники кои обезбедуваат правна и параправна помош), постапување на граѓанските судови и институции во семејни спорови, семејното насилство, карактеристики на насилник и жртва, мерки на заштита и постапување согласно Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени и овозможување права од социјална заштита со привремен ЕМБГ.

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица ПЕТ, финансиран од Европската Унија. 

—————————————————

10 јуни 2021