Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Коалицијата „Сите за правично судење“ во партнерство со Фондација Отворено општество-Македонија започна со имплементација на проектот „Зајакнување на капацитетите на истражувачките новинари во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството“ во времетраење од 1 септември 2020 до 30 јуни 2021 година.

Целта на овој проект е да се зајакнат капацитетите на новинарите во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството, со што ќе се придонесе кон објективно и непристрасно информирање на јавноста како предуслов за пристапување на Р.Северна Макеоднија кон ЕУ. Воедно, со имплементација на овој проект ќе се унапреди соработката помеѓу граѓанските организации и новинарите, а исто така ќе се влијае и на подигнување на општата јавна свест за темите од областа на правосудството и нивното значење.

Досега, во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 година беа одржани 3 тематски обуки за новинарите за теми поврзани од областа на правосудството од страна на домашни и меѓународни експерти.

Обуките поврзани со текот на кривичната постапка, надлежностите на институциите и судовите како и правата на учесниците во постапката беа одржани од страна на проф.д-р Гордана Лажетиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и правниот експерт Натали Петровска, извршна директорка во Коалицијата „Сите за правично судење“.

Обуката која што беше на тема: „Праксата на ЕСЧП во поглед на јавноста на судските постапки, медиумската слобода, јавниот интерес како и правото на фер и правично судење“ беше одржана од страна на д-р Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховниот суд и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права и м-р Велимир Деловски, консултант и поранешен правник во Регистарот на Европскиот суд за човекови права.

Во периодот што следи, во рамки на овој проект ќе бидат објавени и 10 истражувачки стории од страна на новинарите на теми од областа на правосудството: „Пречките на патот до функционално правосудство“ со посебен фокус на кривичната правда.

Воедно, со цел да се придонесе кон сензибилизирање на јавноста за значењето на стандардите за фер и правично судење, а во насока и на Поглавјето 23 и промоција на вредностите на ЕУ во рамки на проектот се спроведува и онлајн кампања за запознавање на граѓаните со начинот на функционирање на Европската Унија. На следниот линк се наоѓа квизот со прашања поврзани со Европската Унија.

Повеќе информации за проектот можете да најдете на следниот линк: https://bit.ly/38uV9RA

—————————————————

11 март 2021