Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ Интеграциите“ на 2 и 3 февруари 2021 година организира обука за граѓанските организации, предвидена за зголемување на знаењето и потребни вештини за вклучување во процесите на евроинтеграции.

Трите клучни цели на обуката се зголемување  на  достапноста  на  информации  и  поддршката  на  учеството  во  процесите  на креирање јавни политики поврзани со пристапувањето кон ЕУ, создавање  на  претпоставки  за  квалитетно  вклучување  на  поширок  спектар  на  граѓански организации во институционални механизми за консултации и зголемување на влијанието на граѓанските општество во процесот на пристапување на земјата

Обуката е наменета  за претставници на  граѓанските  организации  кои  имаат потреба  од  специфични  вештини  и  информации  со  кои  ќе  можат  конкретно  да  го искористат своето учество во консултативен механизам, како и за, помалите и грасрутс граѓански организации на кои им е потребно охрабрување да се вклучат во реформите на јавните политики, консултациите со националните институции и европската комисија.

Поради тековната ситуација со Ковид-19, методологијата за работа ќе биде организирана во живо преку ЗООМ сесии, алатки за интерактивно вклучување и дискусии на учесниците.

За оваа обука ќе бидат селектирани 15 претставници од граѓанските организации во земјата.

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата најдоцна до понеделник, 25 јануари 2021 година.

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ е одобрен и финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, а го спроведува Фондација Отворено општество – Македонија, во партнерство со Евротинк – Центар за Европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

За повеќе информации посетете ја платформата: www.dijalogkoneu.mk

—————————————————

19 јануари 2021